Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера ги разреши министерот за градежништво, Иван Паладина, и министерката за фондови на ЕУ и регионален развој, Наташа Трамишак.

Тој рече дека по консултациите, состанокот на парламентарното мнозинство и дискусиите со Паладин и Трамишак, одлучил да ги разреши од министерската должност, а на нивно место да ги предложи Бранко Бачиќ и Шима Ерлиќ, пренесе „Хина“.

„Задоволен сум од работата на претходните министри, но време е за освежување во владата“, рече Пленковиќ.

Кога станува збор за Паладина, тој рече дека заедно дошле до заклучок оти е подобро тој да го напушти ресорот, а за нов вицепремиер и министер за градежништво го предложи Бранко Бачиќ.

„Тој е мој близок соработник, тој е човек со големо искуство со кој соработувам долго време, а реконструкцијата мора да биде главен приоритет на владата“, изјави Пленковиќ, пренесува „Танјуг“.

Ерлиќ ќе стане нов министер за фондови на ЕУ и регионален развој, а премиерот рече дека како соработник на министерот добро ја познава таа тема.

„Што се однесува до министерката Трамишак, таа не беше најсреќна што ја напушти владата, но премиерот има право да ги избира своите соработници и да функционира така што ќе има целосна доверба во своите соработници“, рече Пленковиќ, пренесе „Блиц.рс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.