Tриесетгодишната Хрватка Кристина е прогласена за виновна и осудена за наметливо однесување кон сопругата и таткото на нејзиниот љубовник, пренесува „Даница.хр“.

Според пресудата, таа минатата година од февруари до септември во Загреб често испраќала пораки до сопругата на мажот со кој била во врска и „ја навредувала дека е грда, дебела, дека мајка ѝ е виновна за нејзиниот изглед, дека е мизерна и ѝ испраќала смс-пораки со заканувачка содржина“ како „ќе види што следи, следи Трета светска војна”.

Покрај тоа, таа испратила фотографии од порнографски содржини со својот љубовник до сопругата и нејзината мајка, доаѓала во зградата каде што живеат нејзините родители, а еднаш дури и дошла на влезната врата од нивниот стан, каде што се обидела да разговара со нејзиниот татко, кој ја избркал.

Таа ѝ се претставила на мајката како сопруга на сопругот на нејзината ќерка, им се јавила и на останатите членови од семејството и испратила неколку смс-пораки до нејзината сестра. Ова кај сопругата предизвикало чувство на страв за сопствената и безбедноста на членовите на нејзиното семејство, како и чувство на вознемиреност и тешкотија.

Кристина од февруари до мај во Загреб често испраќала навредливи смс-пораки и до таткото на својот љубовник, во кои „го навредувала него, неговата сопруга и нивниот син, а на улицата каде што живеел и во околните улици закачувала флаери на кои пишувала дека неговиот син има вонбрачни деца“.

Кристина во текот на истрагата признала сè, но се правдала со тоа дека нејзиниот љубовник „е татко на нејзините две деца, кои никогаш не ги признал, па отишле на ДНК анализа, а тој не плаќа алиментација ниту за нив“.

Таа беше прогласена за виновна и осудена на една година условна казна. Пресудата е неправосилна и Кристина, која инаку е самохрана и невработена мајка, може да поднесе жалба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.