Малолетничката коај беше силувана од пет мажи во Приштина е 11-годишно девојче, изјавија извори од Основното обвинителство во Приштина, пренесува Коха.

Случајот се случил во саботата вечерта, а според информациите во периодот од 17.30 до 12.30 часот било силувано 11-годишно девојче.

По пријавувањето на силувањето во полиција, жртвата била пренесена во безбедна куќа.

Претходно денеска полицијата соопшти дека за овој случај се уапсени двајца осомничени, од кои едниот е малолетник.

Истрагата се уште е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.