Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави на прес-конференција дека синоќа во северниот дел на Косовска Митровица имало вистинска воена опсада, дека косовскиот премиер Албин Курти сака да предизвика војна и да во вакви околности Белград не гледа како може да продолжи дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.
– Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки.
Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидеа да уапсат неколкумина, рече Петковиќ.
Тој посочи дека Албин Курти постојано провоцира, и дека цело време сака да започне конфликти и војна.
– Шокирани сме од најавите на САД и Британија, во кои не знам што се бара од Србија, да ги ослободи уапсените таканаречени полицајци, а никој не спомнува дека е неопходно да се ослободат невините Срби.
Гледате за какво лицемерие зборуваме. Ние не одлучуваме кога треба да се ослободат полицајците, ние сме правна држава за тоа одлучува обвинителството и судот.
Не се одлучува а тоа во амбасади, ниту пак со какво било соопштение, рече Петковиќ.
Тој изјави дека во такви околности не гледа како може да продолжи дијалогот бидејќи тоа подразбира нормализирање на односите, а ова што се случува е целосно ненормално и насилно и спротивно на дијалогот.
– За тоа ќе одлучи Александар Вучиќ, но не гледам простор за дијалог.
Кога Харадинај воведе даноци од 100 отсто, Вучиќ не отиде во Брисел додека тоа не беше повлечено бидејќи сакаа да го натераат Белград да капитулира.
Тоа сега се обидува да го направи Курти со забраната за влез на стоки, рече Петковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.