Бугарскиот премиер, Кирил Петков, по средбата со неговиот холандски колега Марк Руте, изјави дека Бугарија ќе мора да изгради доверба со своите европски партнери за да влезе во Шенген зоната.
Според Петков, Бугарија номинално ги исполнила условите за влез во Шенген зоната, но не и ефективно.
Мора навистина да го запреме шверцот и да ја подобриме граничната контрола. Не ни веруваат затоа што се покажа со текот на годините дека сме лажеле за многу работи што ги ветивме. Сега треба да изградиме и да покажеме доверба. Новата бугарска влада ќе покаже дека го прави она што го ветува – истакна бугарскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.