Бугарскиот премиер, Кирил Петков, на владината Фејсбук страница напиша дека државата им оддава почит на жртвите од комунистичкиот режим, чувајќи го споменот на некои мрачни времиња од минатото, што никогаш не треба да се повтори.

Според Петков, историските факти од минатото, во кои недостасуваат слобода и демократија, јасно докажуваат дека Бугарија,  како општество, до денес поминала долг и тежок пат.

Петков порачува дека Бугарија е веќе на добар пат и нејзина должност е да работи секој ден за да ја направи неговата земја демократска, легална, ослободена од корупција и просперитетна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.