Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека Бугарија и Македонија го потпишале билатералниот протокол со кој се договориле за конкретните чекори за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, јави дописникот на МИА од Софија.
Ова е крај на еден тежок процес, на кој работеа владите на двете земји и покрај безбројните внатрешни и надворешни пречки, напиша Петков.
Тој додава дека Бугарија заедно со другите земји од ЕУ, ќе продолжи да работи со своите соседи од Албанија и Македонија со цел заедно да го реализираат сонот за европска иднина на регионот на Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.