Бугарскиот претседател Румен Радев утре во 17 часот по локално време ќе го врачи мандатот за предлагање кандидат за премиер од пратеничката група на „БСП за Бугарија“, соопшти прес-службата на Радев.

 

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев одржа политички консултации со парламентарните партии во 47. Народно собрание и имаше можност да избере меѓу три партии: Бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, останатите парламентарни опозициски партии, Движењето за права и слободи, ГЕРБ-СДС и националистичката „Преродба“ побараа предвремени избори наесен во Бугарија.

 

Доколку пропадне и третиот мандат за формирање нова влада на Бугарија, претседателот Румен Радев мора да го распушти Националното собрание и да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира.

 

Според првичните проценки, изборите во Бугарија се очекува да се одржат на 2 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.