Русија ја поддржува Србија во однос на заострувањето на ситуацијата на Косово и смета дека мора да се почитуваат правата и интересите на српското население во покраината, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Ние ја следиме ситуацијата и апсолутно безусловно ја поддржуваме Србија, ги поддржуваме Србите. Многу внимателно следиме како се развива ситуацијата и загрижени сме поради тоа“, рече Песков.

Тој додаде дека средби меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, се уште не се планирани, но дека се води постојан дијалог преку дипломатски канали, пренесе РИА Новости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.