Пред неколку дена во јавноста се појави информација дека Матеј Периш наводно бил виден во Минхен, што разбуди нови надежи кај неговото семејство. Сепак, прашање е дали ова е само уште една во низата дојави „со најдобра намера“ или е лажна надеж дека ќе се реши оваа мистерија која трае 43 дена?
Сè е можно, во овој момент навистина сè е можно, и да е жив и да е киднапиран. На почетокот на јануари ми се јави вработена во македонски хотел, која ме уверуваше дека се видела со Матеј. Но, информацијата се покажа како невистинита. Во овие 20 години колку што работам во полиција, секогаш сум реагирал на пријави, дури и на јасновидци. Иако се покажа дека тие се повеќе лажни отколку вистинити, сè мора да се провери. Секој полицаец мора апсолутно сериозно да ја сфати пријавата и да ја истражи за да не се утврди денеска или утре дека исчезнатото лице навистина било на таа локација, а службениците не го прочешлале теренот, објаснува пензионираниот криминолог – вели Бранко Лазаревиќ од Загреба пренесува 24/7.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.