Пензионираниот воен полицаец Крешимир Пахоки (51) кој уби шест лица во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска имал конфликт со мајка си, јавија медиумите во таа земја. Една од жртвите била неговата мајка. Четири лица се опоравуваат во болница.

51-годишниот маж дошол во Домот и почнал да пука од пиштол кон вработените и жителите на домот.

Како што јави ХРТ, причина за масакрот е конфликтот на осомничениот со неговата мајка, која наводно им го префрлила имотот на сопствениците на Домот бидејќи нејзината пензија била премала за да може да го плати престојот.

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ не можеше да го потврди ова бидејќи рече дека не смее да открие што е предмет на истрагата, но посочи дека сторителот е пронајден и уапсен во рекордно време.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.