Охриѓанецот Христијан Пендиков, ексклузивно за БТВ изјави дека сака да се врати во Македонија и да каже дека е Бугарин.

Ова е негово прво појавување по нападот во Охрид, по што Софија со владин авион го однесе на лекување во Бугарија. Тој објасни дека во Охрид го тепале затоа што се пишувал дека е Бугарин. Медиумот пренесе дека тој претходно бил македонист, но потоа осознал дека е македонски Бугарин, а денес како што самиот рече дури и мајка му добивала закани по живот. Тој тврди дека во Македонија било нормално да се пцујат и тепаат луѓе, а полицијата ја обвини дека не преземала мерки.

Ми се закануваат, пуштаат снимки од оружје, се закануваат на мајка ми. Ќе треба да се иселиме од Македонија, ние не сме за таму, вели тој.

Тој објасни дека во Македонија според него се учела фалсификувана историја, а сите соседи освен Србите биле прикажувани како непријатели.


Целото интервку ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.