Во тек е операција за пребарување и спасување југоисточно од грчкиот остров Хидра за пронаоѓање на патник кој под неразјаснети околности паднал од траект. Операцијата на крајбрежната стража е фокусирана на област на околу 30 километри југоисточно од островот, објави Катимерини.

Еден од патниците на траектот „Кисамос“ кој патувал од Ханија на Крит кон Пиреја ги алармирал властите. Во потрагата се вклучени два брода на крајбрежната стража, еден хеликоптер на морнарицата, еден хеликоптер на крајбрежната стража и пет пловни објекти, кои таа ги координира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.