Според прелиминарните податоци на словенечката Влада, во разорните поплави што се случија во земјата на почетокот на август, целосно се уништени 34 објекти, додека околу 500 објекти се непогодни за живеење, а 649 лица се раселени.
Во спасувањето на луѓето и отстранувањето на последиците од поплавите учествуваа меѓу 2.000 и 8.000 спасувачи и доброволци, како и припадници на армијата, полицијата и цивилната заштита, а досега се собрани повеќе од 4,5 милиони евра преку Црвениот крст и словенечкиот Каритас.
Владата веднаш по поплавите одлучи да додели 10 милиони евра хуманитарна помош за жителите од погодените подрачја наменети за снабдување со најнеопходната храна.
Погодените од поплавите ќе можат да добијат прва помош преку хуманитарни организации. Владата веднаш по катастрофалните поплави додели по пет милиони евра за Црвениот крст на Словенија и словенечкиот Каритас. Со ова, како што соопшти Црвениот крст, овозможи ефикасно и брзо снабдување со основните животни потреби на најпогодените од поплавите на 3, 4 и 5 август годинава.
За трајно уништените куќи или станови, кои се практично непоправливи и бараат алтернативно место на живеење, износот на помошта ќе биде 3.000 евра. Во случај на поплавени станбени катови, износот на помошта ќе биде 1.500 евра. За поплавените подруми висината на помошта ќе биде 500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.