За убиството на малата Данка Илиќ, по која изминативе 10 дена тргаше половина Европа, се осомничени Срѓан Јанковиќ од селото Лук и Дејан Драгијевиќ од селото Злот.
Јанковиќ се сомнични дека управувал со службеното возило на ЈКП Водовод во моментот кога наводно налетал на двегодишното девојче на Бањски пат, додека Драгијевиќ бил со него.
Пред еден час беше објавено дека приведени се две лица кои го признале убиството на двегодишното девојче по кое 10 дена трагаше целиот регион.
С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путник“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишната Данка и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде што телото го фрлиле на десната страна од патот – вели извор близок до истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.