Душанка С.(55) е убиена синоќа во селото Репинац кај Владичин Хан, а нејзиниот сопруг е осомничен за убиството, јавува РТС.

Вишото јавно обвинителство Врање соопшти дека осомничениот со нож ја избодел жената во пределот на вратот и дека таа им подлегнала на повредите.

На местото на убиството кое се случи синоќа во 21 часот и 30 минути е пронајден сторителот С.Д.(61), веднаш е приведен и притворен, се наведува во соопштението.
Полицијата против него ќе поднесе кривична пријава за убиство. Наредена е обдукција на телото, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина од Ниш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.