Најмалку осум рудари загинаа, а 20 се заробени во окното на рудникот Соко по екплозија на метан која се случи утрово кај Сокобања во Србија. До несреќата дошло околу 4 часот рано утринава, а од силната екплозија дошло до уривање во јамата.

Како што пренесуваат српските медиуми, во тек е спасувачка акција за заробените рудари.

Се работи за смената А во која имаше околу 60 рудари. Спасени се првите 5-6 рудари кои беа на влезот во рудникот. Се стравува дека затрупани се 20. Семејствата на рударите веќе се собираат во Здравствен дом, вели изворот Курир.

Од централата на рудникот Соко во Ресавица велат дека во моментов не можат да коментираат за несреќата, како и дека полицијата е на лице место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.