Со три чамци, на малиот грчки остров Гавдос пристигнале 76 мигранти, а според градоначалничката Лилиан Стефанаки сите се во добра здравствена состојба, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, рибари од островот им помогнале на мигрантите да стигнат на копно, а се очекува да бидат пренесени на Крит, каде што се спроведуваат соодветните процедури за регистрација.

Станува збор за мигранти од Сирија, Египет, Судан и Бангладеш, а меѓу нив има шест деца и четири жени.

Гавдос е мал остров со 208 постојани жители, се наоѓа јужно од Крит и е најјужната точка на Грција и Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.