Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи кој претстојува во Белград положи цвеќе пред училиштето „Владислав Рибникар“ и им оддаде почит на жртвите во масовното убиство што се случи на 3 мај, јави дописникот на МИА од Белград.
–Овие промени сите ги чувствуваме. Соочени со оваа незамислива трагедија, клучно е да се здружиме да ја споделиме загубата и болката и да ги поддржиме најпогодените. Само на тој начин ќе потврдиме дека сме подготвени да спречиме вакви страшни инциденти да се случуваат во иднина, напиша Османи на Фејсбук.
Според него, неизмерна е тагата што ја чувствуваат семејствата чии животи засекогаш ги промени овој чин, но тие, вели Османи, не се сами.
–Заедно со ОБСЕ нудиме утеха, сила и солидарност на нацијата обединета во колективната тага. Споменот на жртвите нека биде поттик за сите нас да работиме напорно за побезбедна иднина, каде што училиштата се симбол на знаење и пријателство, порача Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.