Косовската министерка за правда Аљбуљена Хаџиу денеска изјави дека претседателката на Косово, премиерот и претседателот на Собранието, Вјоса Османи, Албин Курти и Гљаук Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија, пренесе Бета.
Хаџиу на прес-конференцијата не ги откри деталите за оваа тужба, но рече дека се работи на неа, јавуваат приштинските медиуми.
Што се однесува до тужбата за геноцид, таа е во програмата на Владата. Во овој процес се ангажирани Курти, Османи и Коњуфца. Поради чувствителноста на ова прашање не можеме да дадеме повеќе детали, но ве уверувам дека се занимаваме со ова прашање, рече Хаџиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.