Ослободени се сите обвинети во случајот „државен удар“, на денот на парламентарните избори во Црна Гора во 2016 година, со одлуката на Вишиот суд на 12 јули.
Новата одлука ја донесе тричлениот судски совет на судијата Зоран Радовиќ.
Немаше докази дека обвинетите се виновни за делата што им се ставаат на товар, па затоа се ослободени, најави Радовиќ во образложението на пресудата.
Со пресудата беа ослободени руските државјани Едуард Шишмаков и Владимир Попов, обвинети за организирање и финансирање на насилната промена на власта во Црна Гора.
Ослободени се и лидерите на прорускиот Демократски фронт – актуелниот претседател на Парламентот на Црна Гора Андрија Мандиќ, пратеникот Милан Кнежевиќ и возачот Михаило Чаѓеновиќ, како и пензионираниот генерал на српската жандармерија Братислав Дикиќ и седум други српски државјани кои беа уапсени на денот на изборите во 2016 година.
На изрекувањето на пресудата не присуствуваа ниту специјалните обвинители, ниту обвинетите, туку само бранителите.
Инаку, ова е втора пресуда на Вишиот суд во процес кој трае седум години врз основа на обвинението на Специјалното обвинителство кое обвинетите ги товареше за терористички обид за насилно уривање на власта во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.