Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека ослободило четворица осомничени за случајот во Бањска во Звечан, бидејќи според нив немало доволно докази за нивната вмешаност во случајот, објави приштинска Коха.

Како што соопштија од Обвинителството, осомничените се уапсени далеку од местото на настанот.

Ве информираме дека четирите лица кои беа уапсени за време на акцијата на косовската полиција, во селото Бањска во општина Звечан, далеку од местото на настанот, вчера беа ослободени од Специјалното обвинителство на Република Косово во отсуство на докази од косовската полиција, соопшти Обвинителството, пренесува Коха.

Косовската полиција уапси осум лица во врска со вооружениот напад што се случи во неделата во Бањска во Звечан, каде беше убиен наредникот на косовската полиција Африм Буњаку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.