Во Ужице денеска во периодот околу 13 часот имало пукање во кое најмалку три лица се повредени.

Како што пишуваат српските медиуми, инцидентот се случил во центарот на градот, на мостот Алексиќ, а она што е посебно вознемирувачки е фактот дека во моментот кога избил инцидентот, улицата била преполна со луѓе и деца.

Како што навел директотот на Општата болница, три лица се примени и дијагностиката е во тек.

Едно лице е прегледано, тоа е рането во лактот, додека други две машки лица се уште се на дијагностика и примени се со повреда на главата.

Како што кажале очевидците, едно или повеќе лица на мотори пукале на два автомобила, џип и БМВ, со таблички од Бајина башта, а во тек е увидот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.