Во 49 основни и 21 средно училиште во Белград денеска ќе се организира онлајн настава поради дојави за поставени бомби, изјави помошник министерот за образование на Србија, Милан Пашиќ.

Во изјава за РТС тој нагласи дека 96 отсто од основните и средните училишта во Србија работат по директен модел и дека нема извештаи за бомби надвор од Белград.

Во Белград тие бројки се менуваат од час во час. Последните информации од синоќа во 22 часот покажуваат дека наставата денеска ќе се организира од далечина во 49 основни и 21 средно училиште во главниот град – рече Пашиќ.

Тој додаде дека во сите училишта каде се вршени контрадиверзантски контроли било утврдено дека не биле поставени експлозивни направи, јави Бета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.