Задолжителната маска во сите внатрешни делови и рапид тестови за лицата кои придружуваат пациенти, како и за оние кои доаѓаат во амбулантите, одново се воведуваат во онколошка болница во Атина со цел заштита на пациентите, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките, како што соопштија од болницата ќе важат во следните 15 дена и доколку биде потребно ќе се продолжат, а воведени се „поради драстичното зголемување на случаите на коронавирусот во изминатите денови“.

Согласно последниот неделен извештај од Националната организација за јавно здравје на Грција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, објавен во четвртокот, во периодот од 1 до 7 јули регистрирана е зголемена активност на вирусот, зголемување има кај позитивноста на сите тестирани примероци, на хоспитализираните лица, како и на починатите.

За една седмица, со Ковид-19 биле хоспитализирани 575 лица, а бил регистриран 21 смртен случај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.