Албанскиот претседател Илир Мета учествувајќи на трибина со млади изнесе податок дека над 90 отсто од младите размислуваат да ја напуштат земјата.
Со задоволство ја прифатив поканата на Стручната академија “ЕЛИТА” да разговарам со десетици млади во врска со најголемата драма што се случува во земјава а тоа е депопулацијата, објави Мета на Фејсбук.
Со нив, додава, ги споделил загрижувачките податоци на Галуп, според кои заминувањето на младите од земјата достигнува бројка и до 70 отсто.
Исто така, според него, над 90 отсто од анкетираните млади лица изјавиле дека сериозно размислуваат да ја напуштат Албанија, за еден подобар живот за поквалитетно образование или подобра работа.
Затоа ги повикав нив и нивните врсници во целата земја, да се организираат и да бидат локомотива на промени и добро владеење, кои ќе донесат надеж, доверба, благосостојба и напредок. Младите да ја преземат контролата над сопствената и судбината на државата, за да ја запрат депопулацијата, наведува Мета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.