Стотици пожарникари во Грција во текот на ноќта се обидоа да изгаснат пожари на периферијата на Атина, наредена е дополнителна евакуација, а властите предупредија на ризик од нови пожари низ земјата, пренесе Катимерини.
Цивилната заштита нареди евакуација на областа Ано Лиоси во северозападниот дел на Атина, област со повеќе од 25.000 луѓе.
Во гаснењето на пожарот на Парнита учествуваат хеликоптери за да се спречи ширењето на пожарот кон Националниот парк.
Пожарите сè уште беснеат во другите региони на земјата, а главните фронтови каде пожарникарите се борат со пламените јазици се во Евија, Самотраки, Макракоми и Родопи на истокот од земјата.
Во пожарите, кои беснеат во Грција од саботата, загинаа 20 лица, а над 400.000 хектари земјиште изгореа.„Ситуацијата невидена“, изјави грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.