Правниот акт на Европската унија (ЕУ) за либерализација на визите за Косово е официјално потпишан во Брисел.
Како што јави Радио Слободна Европа, правниот акт со кој Косово се додава на листата на земји за кои не е потребна влезна виза за земјите од Западна Европа, го потпишаа претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и шведската министерка за европски прашања Јесика Росвал.
Со објавувањето во Службен весник на ЕУ, кое ќе следи за дваесетина дена, стапува на сила одлуката за визна либерализација.
Сите процедури во процесот на одлучување беа завршени во вторник, кога на пленарна седница беше усвоена одлуката за визна либерализација за Косово.
Сепак, граѓаните на Косово треба да го чекаат почетокот на следната година за да уживаат во безвизниот режим со европските земји.
Според одлуката што беше усогласена во декември минатата година, до укинувањето на визниот режим за Косово ќе дојде паралелно со функционирањето на информацискиот систем ЕТИАС, но не подоцна од 1 јануари следната година.
Со укинувањето на визниот режим, Косово им се придружува на другите земји во регионот, чии граѓани повеќе од една деценија уживаат во слободата на движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.