Портпаролката на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, Ваљентина Гара, потврди дека попладнево добиле закана за бомба.

Потврдуваме дека добивме закана за бомба. Патниците и персоналот се евакуирани и безбедни. Тимовите вклучени во планот за вонредни состојби се ангажирани во извршувањето на нивните задачи, соопшти Гара.

Како што пренесува Бета, ова е една од десетината закани кои беа упатени кон овој аеродром, и сите беа лажни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.