Раководството на Македонија треба да ги убеди своите граѓани, а не Бугарија, дека гради демократска држава. Држава во која не се пука во бугарските клубови, тие не се палат и во која Бугарите не се изложени на системски терор, физичко насилство и режирани судски процеси. Ова е одговорот на бугарскиот претседател Румен Радев на прашањето на БГНЕС за составување на наводни „црни списоци“ и насилство врз Бугари во Македонија.
– Владата на РСМ може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав – изјави Радев.
– Таму нема прогрес. Затоа зборувам со европските лидери и институции да има движење по тој протокол, зашто таму се учебниците, таму е говорот на омраза, таму се медиумите, таму е отворањето на архивите и извинувањето за етничките репресии кон Бугарите во историјата. Таму има и други важни работи како што е зачувувањето на нашето културно наследство – рече Радев.
Претседателот додаде дека внесувањето на Бугарите во Уставот е задолжителен услов за почеток на преговорите со ЕУ.
Според него, сеењето на омразата кон Бугарите е нешто што трае со децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.