Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу, денеска изрази надеж дека договорите за патување со лични карти, признавањето на универзитетски дипломи и признавањето лиценци за лекари, стоматолози и архитекти од Западен Балкан ќе да бидат ратификувани и целосно имплементирани до октомври.

На средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, таа ја истакна важноста на договорот што со помош на РСС, шефовите на дипломатиите на земјите од регионот го потпишаа на Самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември 2022 година.

Од МНР на Србија соопштија дека изразиле надеж оти Договорот за патување со лични карти, Договорот за признавање на универзитетските дипломи и Договорот за признавање лиценци за лекари, стоматолози и архитекти ќе бидат целосно имплементирана до октомври, кога е планиран следниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.