Во ескплозијата која се случила утрово во подгоричката населба Толоши, загинал 42-годишниот Јасминко Шаховиќ од Цетиње, дознава порталот Побједа.

Шаховиќ наводно бил близок со Шкаљарскиот криминален клан. Како што наведува РТЦГ, според полициските досиеја, Шаховиќ бил „лице од безбедносен  интерес“.

Според очевидци, полицајците на почетокот не можеле да се приближат до жртвата и автомобилот поради истрели од куршуми, кои најверојатно биле активирани во автомобилот при експлозијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.