Цените на патарините за автопат во Грција ќе пораснат од почетокот на следната година, соопшти Министерството за транспорт во Атина, цитирано од БНР. Владиниот портпарол во Атина најави нови повисоки цени на патарините во Грција од 1 јануари следната година.
Цените постепено растат во текот на три години. Во наредната година, со зголемување на таксите за околу 8%, цената на патнички автомобил на делницата Солун – Атина ќе биде 34 евра, на релација Атина – Патра – 13 евра, за Атина – Јанина 42 евра платени по автомобил. За следните две години од 2025 година, на оваа цена ќе се додаде уште 2% зголемување.
За тековната година цените не поскапеа бидејќи Владата го блокираше поскапувањето по договор со компаниите кои ја одржуваат националната патна мрежа. Од почетокот на следната година, пак, ќе се склучи нов договор со повисоки цени, прилагодени на индексот на инфлација, нагласуваат од Министерството за транспорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.