Директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Милика Ашанин, изјави дека од деветте пациенти ранети во престрелките во Младеновац и во основното училиште „Владислав Рибникар“, тројца пациенти се во тешка состојба, пренесува Н1.
Тој за Српската радио-телевизија изјави дека имаат шест пациенти од престрелката во Младеновац, дека сите лица на кои им бил опериран абдоменот се добро, а две лица се во тешка состојба.
Според него, во тешка состојба е пациентката со тешка повреда на внатрешните органи, како и пациентката со повреда на главата, но и двајцата се свесни.
Ашанин рече дека лекуваат тројца пациенти од училиштето „Владислав Рибникар“, дека еден пациент со повреди на вратот и ‘рбетот е во тешка состојба, а ученичката и наставничката се многу подобри.
Како што јави РТС, девојчето кое беше повредено во пукањето во училиштето, а кое се лекува во детската болница во Тиршова, е во животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.