Владата на Србија даде зелено светло за новиот ценовник на Јавното претпријатие Путеви Србије.
Новите цени на патарините ќе важат од 10 јули, стои во новата Одлука за висината на посебната такса за користење на јавниот пат, неговиот дел и патниот објект, што ја донесе Јавното претпријатие Путеви Србије.
Ова се дел од нови цени на поединечните делници на српските автопати:
Белград – Шид: нова цена 500 динари (стара цена 450 динари)
Обреновац – Прељина: нова цена 560 динари (стара цена 510 динари)
Белград – Суботица: нова цена 800 динари (стара цена 730 динари)
Белград – Врбас: нова цена 470 динари (стара цена 420 динари)
Белград – Ниш југ: нова цена 1.130 динари (стара цена 1.020 динари)
Белград – Димитровград: нова цена 1.670 динари (стара цена 1.510 динари)
Белград – Баточина: нова цена 500 динари (стара цена 450 динари)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.