Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинителен акт против претседателот на Република Српска Милорад Додик и в.д. директор на Службен весник на РС Милош Лукиќ , потврдено е за сараевскиот портал Кликс.

Причина за поднесување на обвинението е, како што се наведува, неизвршување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит според новиот член од Кривичниот законик, кој го наложи високиот претставник.

Република Српска не го признава Шмит за висок претставник бидејќи тој не бил назначен во Советот за безбедност на ОН, како што е предвидено со Дејтонскиот договор.

Имено, Додик неодамна го потпиша Указот за објавување на Законот за необјавување на одлуките на високиот претставник за БиХ во Службен весник на РС, како и Указот за објавување на Законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на БиХ на територијата на Република Српска.

Обвинението е проследено до Судот на Босна и Херцеговина на потврда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.