Вишото јавно обвинителство во Белград утврди дека смртта на Матеј Периш (27) од Сплит не е последица на извршување кривично дело. Да потсетиме, тој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември 2021 година, а неговото тело беше пронајдено на 18 мај во Дунав, кај Ада Хуја, пренесува Блиц.
– Телото е пронајдено во поодмината фаза на распаѓање. Околностите што му претходеа на исчезнувањето на Матеј Периш, изјавите на лицата кои биле во негово друштво пред исчезнувањето, како и наодите од истрагата и обдукцијата не укажуваат дека неговата смрт е поврзана со насилство од каков било вид, соопшти обвинителството.
Обдукцијата ја изврши Институтот за судска медицина и беше утврдено дека на Периш нема повреди по телото, черепот, вратот, торзото или екстремитетите.
– Резултатите од токсиколошката анализа покажаа присуство на токсични концентрации на амфетамини во крвта и органите, со присуство на етанол. Исто така, во примерокот од косата се утврдени траги од кокаин и бензоилекгонин – соопшти обвинителството, наведувајќи дека вештачењето го извршиле тројца вештаци, лекари од судска медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.