Новородено бебе кое синоќа беше пронајдено во Запрешич кај Загреб завиткано во ќебе и фрлено во контејнер е надвор од животна опасност, потврдија за „Индекс“ од загрепската полиција.
Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот. Новороденчето е пренесено во болница во Загреб.
Новороденчето било донесено во КБСД околу полноќ. Тој е во добра физичка состојба, со редовни витални функции и без знаци на надворешни повреди, велат од болницата.
Според првите информации, на местото каде што е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете, кое побарало помош од минувачите, но полицијата ја демантираше оваа информација.
Полицијата се уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.