Новиот бугарски мандатар за формирање на Владата, Асен Василев, од „Продолжуваме со промени“ денеска го доби мандатот и веднаш се осврна и на случувањата во земјава околу францускиот предлог.
Според него, во Скопје има мислење дека на маса имаат пробугарски предлог. Василев нагласи дека Бугарија би требала да биде задоволна што „тој пробугарски предлог не создава проблеми кај нив, туку создава проблеми кај соседите“
Во однос на македонското прашање ние си ја завршивме работата. Колегите од Македонија сметаат дека тоа е пробугарски предлог. Ние сме задоволни од тоа што тој пробугарски предлог им создава проблеми на соседите, а не на нас“, изјави Асен Василев, Мандатар за составување на Владата на Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.