Грчкиот медиум „Ворија“ објави дека на еден од бродовите со кои се врши потрагата по исчезнатите се наоѓаат татко и брат на едно од момчињата.

Потрагата по исчезнатите момчиња на Халкидики продолжува, а во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, како и останати приватни чамци, но и еден хеликоптер.

Вчерашната акција не даде резултат, односно немаше трага од двете исчезнати момчиња, додека едно момче од Македонија беше спасено и испратено во болница.

Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина вчера потврдија дека спасениот е од Македонија и станува збор за 25-годишно момче, кое е во добра здравствена состојба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.