Бројот на жртвите од невремето „Даниел“ во Грција се зголеми на три лица, откако било пронајдено безживотното тело на 82-годишен човек во грчкиот град Кардица.

Утрово, во областа Магнисиа беше пронајдена мртва постара жена, додека пак вчера, животот го загуби сточар откако врз него паднал ѕид, поради лизгање на земјиштето.

Невремето со интензивни и обилни дождови, молњи и ветер од вчера зафати повеќе делови на Грција, меѓу кои и Атина, а најпогодени се регионите во централното подрачје на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.