Европратеникот Ангел Џамбаски упати провокација и говор на омраза и на Денот на Македонскара револуционерна борба

129 години ВМРО ги брани бугарштината и бугарскиот интерес во Македонија. Нема да се откажеме зошто Македонија секогаш била и ќе остане бугарска, порача еврпратеникот Џамбаски од Софија.

Не смееме да заборавиме, додава тој во пораката, дека и денес Скопје води жестока политика на антибугаризам.

Само последниве месеци видовме мрачен јазик на омразата, палење клубови, навредување на сè што е бугарско. Тоа е истата политика што се спроведуваше пред 70 години со прогон на свештеници, учители и офицери кои одбија да се нарекуваат Македонци и го чуваа споменот на прадедовците. Затоа, не смееме да ја прекинеме борбата. ВМРО помина низ многу тешки периоди, низ подеми и падови, но идејата за обединета и неделива Бугарија од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море секогаш била поддржувана, нагласи Џамбаски.

Европратеникот пораката ја упати од пред споменикот на загинатите револуционери од Македонија, Тракија и Одринско во Софија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.