Уште едно невидено кошкање и општа турканица избиле поради пониска цена во еден, како што се наведува по социјалните мрежи, познат синџир на супермаркети во Неготин.
Снимката од тепачката се појави на социјалните мрежи, а на неа се гледа како луѓето брутално се грабаат за месо од гајби, кое се уште не стигнало да биде изложено во продавницата, туку се зема од палети.
И тоа не е се, луѓето испразнетите гајби безобзирно ги фрлаат на сите страни, едни на други, при што една гајба удрила жена по глава.
А потоа поради се поголемиот надворешен притисок, дошло до паѓање. Човек за момент завршил на подот, ама месото не го испуштал од рака.
Видеото може да го погледнете на овој линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.