Автобус на компанијата „Житиа Турс“, со косовски регистарски таблички, доцна синоќа се преврте во Србија.  Станува збор за линија што сообраќала на релација Приштина – Грац, а несреќата се случила во близина на Крушевац.

Засега сѐ уште нема официјални податоци за причините, но познато е дека пред излетувањето од патот автобусот нагло преминал на левата коловозна лента.  Во несреќата се повредени 17 патници кои се пренесени во ургентниот центар во Крушевац. Според РТС, само едно лице е потешко повредено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.