Нова драма се одвива на северот на Косово, јавува српски „Курир“. Неколку стотици припадници на специјалната полиција Роса, како што пренесува порталот, вооружени до заби, придружувани од оклопни возила, влегле во северниот дел на Митровица и го блокирале целиот град.
Граѓаните на Северна Митровица се собираат на улиците, зборуваат за сè што се случува во последните неколку дена, тензично е, но без инциденти. Сите кафулиња се затворени, а жените и децата се засолниле од улиците, јавува Косово-онлајн.
„Курир“ додава дека се фрлени и две шок-бомби.
Полицијата на Косово вечерва соопшти дека во наредните денови ќе го засили присуството на северот на Косово и додаде дека одржувањето на јавниот ред е една од нивните главни цели.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, д-р Петар Петковиќ, вечерва во 23 часот во прес-салата на Владата на Република Србија ќе одржи вонредна медиумска конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.