Бугарија и Германија се стратешки партнери, трговската размена меѓу двете земји надминува 10 милијарди евра, со што Германија е нашиот најголем партнер во Европската унија, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков на брифинг со канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот премиер соопшти дека заедно со неговиот германски колега разговарале за енергетската независност на Бугарија и Германија, како и на целата ЕУ. Двајцата се согласиле дека само заедно можат да ги постигнат истовремено целите за енергетска независност и енергетска безбедност.
За двете влади стратешки теми се војната во Украина, заедничкиот став на ЕУ, како и можноста за заедничка работа за надминување на овој проблем, што ја надвисна цела Европа, коментира бугарскиот премиер Петков.
Тој ја изрази позицијата дека Бугарија и Германија отсекогаш гледале на Западен Балкан во правец на нивниот пат кон ЕУ.
Петков изјави дека се разговарало и за Македонија, додавајќи дека се договоривме двете влади во Берлин и Софија да продолжат да работат во оваа насока, а бугарската Влада јасно го кажа ставот на Бугарија за условите што мора да се случат за да се оди напред
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.