Никој , дури ниту неговиот татко, не сака да го преземе телото на Нермин Сулејмановиќ, кој во петокот на 11 август уби три лица во Градачац, а потоа се самоуби. .

Негови познаници за новинарите на „Аваз“ во Градачац изјавиле дека таткото на Нермин Сулејмановиќ рекол: „ Не ме интересира тоа г***о“.

Сулејмановиќ ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ пред очите на нивната ќерка, пренесувајќи се во живо на Инстаграм.

Откако ја уби Низама, тој уби уште две лица во градот, татко и син, Џингис и Денис Ондер, кои ги познавал од порано.

Во крвавиот поход Сулејмановиќ рани три лица, меѓу кои и мајката на Денис.

Неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ беше погребана вчера во Мионица кај Градачац. а на погребот присуствуваа повеќе од илјада луѓе.

Турските државјани Денис и Џенгис се погребани погребани денеска, додека мајката на Денис се уште е во болница и се наоѓа во тешка состојба и животна опасност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.