Бугарските власти излегоа со официјални податоци за тоа колку странци поседуваат бугарски пасоши. Она што нас најмногу не засега е колку Македонци заради работа во земјите од ЕУ решиле да извадат бугарски пасоши. Како што наведува агенцијата БГНЕС , во последниве 15 годни тоа го сториле точно 86.566 наши граѓани.

Ова е многу помала бројка колку што сакаа да претстават бугарските власти.Се фигурираше со бројки од 200.000 до 300.000 лица. Врз овие нереални бројки Бугарија се повикуваше на некакви права на македонските граѓани кои сметаат дека се Бугари.

Во процедура за бугарски пасош во моментов се 3500 македонски граѓани

На второто место за бугарски пасоши се граѓаните на Молдавија, трета е Србија а четврта Албанија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.