На тик-ток-профилот „bata.osovina“ е објавено видео кое привлече внимание кај корисниците на социјалната мрежа. Авторот на видеото покажува како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објаснува што се случува:

Ова не е првпат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца… Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пеш“, вели момчето.

@bata.osovina #viral ♬ original sound – Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново:

„Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.