Во последните три години природниот прираст на населението во Албанија е близу нула, поради големата смртност и намалувањето на наталитетот.
– Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека во 2022 година природниот прираст во земјата, бил само 675 лица, што е најниско во историјата, освен двете пандемски години 2020 и 2021 година, кога имало невообичаено голем број починати. 2021 година е единствената во историјата на Албанија со негативен прираст (-3.296), додека во 2020 година негативниот прираст бил 470 лица, наведува весникот „Монитор“.
Додава дека ако во периодот 2020-2021 година показател се влошил поради големиот број на смртни случаи, како резултат на пандемијата со Ковид-19, во 2022 година бројот на починати се стабилизирал.
– Според ИНСТАТ, во 2022 година се регистрирани 22,9 илјади смртни случаи, со пад од 37 отсто во споредба со претходната година кога беше врвот на пандемијата, враќајќи се на нормалниот предпандемски тренд (смртните случаи во 2022 година беа околу 5 отсто повисоки од просекот од 2016-2019 година). Во земјава минатата година се родени 23,6 илјади бебиња, со намалување од 13,5 отсто во однос на претходната година. Ова е најмалиот број на раѓања некогаш забележани во земјата од 1934 година, од кога почнало објавувањето на овие податоци, наведува „Монитор“.
Овој податок го мери само природниот прираст на населението, додека реалната бројка на популацијата повеќе од сигурно е дека се намалила поради негативната нето миграција, со одливот на населението, особено на младите, кои масовно ја напуштаат земјата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.